Економија, финансии, бизнис

Контакт

Расте бројот на азиланти во Шведска

Расте бројот на азиланти во Шведска

Бројот на баратели на азил во Шведска во текот на првиот квартал од оваа година се зголемил за 29 отсто во споредба со истиот период лани, на вкупно 9.737 азиланти.

Според податоците што ги обелодени шведскиот Завод за миграции, меѓу најголемите азилантски групи повеќе не се присутни азиланти од Србија и од другите балкански земји.

Убедливо најголем број азиланти сега доаѓаат од Сирија, од каде бројката на барателите на азил во Шведска е зголемена за 469 проценти. Други две големи групи азиланти во последните неколку месеци се од Сомалија и Авганистан.

Според актуелните прогнози на Заводот за миграции, годинава во Шведска се очекува барање за азил да поднесат вкупно 54.000 лица.

Слично

Поврзани вести