Растат цените на азиските берзи
Благодарение на охрабрувачкиот почеток на преговорите за буџетот во САД на азиските берзи утрово цените се во пораст. Падна курсот на јенот во однос на доларот на најниска врендост во последните седум месеци затоа што се очекуваат мерки за олабавување на монетраната политика во Јапонија.
Индексот Nikkei на берзата во Токио скокна за 1,4 %, а берзанските индекси во Сингапур, Хонг Конг, Австралија и Јужна Кореја пораснаа меѓу 0,1 и 0,9 %. И азиско пацифичкиот индекс MSCI забележа раст од 0,6 %, откако минатата недела падна на најниско ниво во последните девет седмици. Републиканците и демократите по разговорите со претседателот Барак Обама се обврзаа дека ќе бараат решение за да се избегне така наречената фискална карпа.
-Во петокот од Вашингтон стигнаа позитивни сигнали, па се надеваме дека преговорите за биџетот ќе можат да доедат до озбегнување на фискланата карпа. Оваа недела би можеле да следат и нови добри вести“, велат аналитичарите.
Јенот пак слабее поради закажани за 16 декевмри што им оди во прилог на јапонските извозници. Во однос на доларот утрово неговата врендост падна на најниско ниво во последните седум месеци. Додека еврото на валутните пазари бележи раст и во однос на јенот и во однос на доларот. Цената на нафтата на Њујоршката берза го продолжи растот кој започна во петокот и денеска се продава по цена од 87,50 долари за барел.
Слично
