Економија, финансии, бизнис

Контакт

Растат критиките кон Меркел за бегалците

Растат критиките кон Меркел за бегалците

Германската канцеларка Ангела Меркел се соочува со зголемена критика од десното крило на нејзината конзервативна коалиција за нејзината одлуката да прифати илјадиници бегалци, коментира „Politico“.

„Апсолутно неодговорно е дека илјадници бегалци се излеваат во нашата земја без контрола и без регистрација“, изјавил поранешниот министер за внатрешни работи Ханс-Петер Фридрих за весникот „Passauer Neue Presse“. „Нема како веродостојно да одредиме колку од нив се борци на „Исламската држава“ или „тајни исламисти“.

Фридрих е висок член на Христијанскоцијалната унија, на баварската партија на Христијанската унија на Меркел, и се смета за влијателен глас меѓу конзервативните претставници во парламентот. Тој ги нарече активностите на владата „невидена политичка грешка“, предупредувајќи за „катастрофални“ долгорочни последици.

„Изгубивме контрола“, изјавил тој.

Коментарите на Фридрих беа повторени од баварскиот министер за финансии Маркус Зјодер, кој изјавил дека приливот почнал да ја отежнува локалната власт.

„Одлуката да ги отвориме границите требаше да биде исклучок, но сега изгледа дека стана правило“, изјавил тој за весникот „Münchner Merkur“.

Критиките го нагласуваат приближувањето на политичките предизвици на Меркел во однос на бегалците, иако многу Германци го поздравија доаѓањето на новодојденците во последниве недели. Многумина стравуваат дека расположението на нацијата може да премине од великодушност кон гнев, кога ќе настапи реалноста спроти интеграцијата на огромно муслиманско население, кое не зборува германски.

Приливот веќе ја оптоварува локалната инфраструктура во многу делови на земјата, бидејќи заедниците брзаат да најдат станови и училишта, за да ги пречекаат со основните потреби бегалците. Германската влада очекува 800 000 бегалци во оваа година, но ако сегашната стапка на новопристигати се задржи, нивниот број ќе надмине милион. Секој ден оваа недела илјадници бегалци пристигнаат на главната влезна точка во Минхен, вклучувајќи повеќе од 7.000 луѓе само во вторникот.

Засега Меркел не покажува знаци дека ќе се откаже од политиката на отворени врати.

На крајот на август владата на Меркел го отфрли односот на Сиријците т.н. Даблинска регулација, која бара бегалците да аплицираат за азил во првата земја од ЕУ, во која се ноѓаат. Одлуката предизвика наплив на бегалци, кои се насочиле кон Германија од Унгарија и други делови на јужна Европа.

Според германските официјални лица чекорот требало да ги олесни бирократските процедури, бидејќи Даблинскиот систем не успева да го запре протокот на бегалци кон Германија. И сепак тие признаваат дека не очекувале одлуката да ослободи таков масовен прилив.

Меркел и нејзините помошници постојано повикуваат во последните неколку дена, дека Даблинската регулација не била укината и дека Унгарија и другите земји треба да продолжат да ја почитуваат.

Слично

Поврзани вести