Економија, финансии, бизнис

Контакт

Растат германските нарачки, прв знак дека еврозоната се опоравува од кризата

Растат  германските нарачки, прв знак дека еврозоната се опоравува од кризата
Нарачките во фабриките во Германија пораснаа во декември, откако побарувачката во еврозоната се зголеми. Ова ги потврдува прогнозите дека регионот почна да се опоравува од рецесијата, пренесува Bloomberg. Во исто време нарачките на фабриките кон германските компании направени во еврозоната, бележат раст од 7%. Договорите за инвестициски и стоки за широка потрошувачка, исто така се зголемија. Оваа информација е последна од сријата позитивни вести кои потврдуваат дека економијата на еврозоната почна да се опоравува, откако должничката криза ја доведе до рецесија минатата година, пренесуваат агенциите. Во јануари цените на недвижниот имот во Шпанија престанаа да се намалуваат за прв пат во последните три години,  додека економската доверба во еврозоната се зголеми до 7-месечен врв. Зголемувањето на потрошувачката во еврозоната ќе го поддржи растот во Германија и ќе и помогне да се опорави од падот во последниот квартал на 2012 година "Добра вест е дека зголемувањето на нарачките од еврозоната е толку силно", вели Фредерик Докрозет, економист на Credit Agricole SA во Париз. "Премногу рано е да објавиме дека еврозоната се опорави, но за Германија може да е почеток на серијата добри податоци во првиот квартал на годината", вели тој
Слично

Поврзани вести