Економија, финансии, бизнис

Контакт

Растат добивките на американските банки

Растат добивките на американските банки
Во последниот квартал од минатата година американската банка Голдман сакс три пати  ја зголеми добивката на 2,9 милијарди долари, пишува BBC. За 50 отсто, на 9,2 милијарди долари се зголемени приходите. А  нето добивката во делот инвестициско банкарство скокна за 63 отсто, на 1,4 милијарди долари. За целата 2012  банката остварила нето добивка 7,5 милијарди за разлика од 4,4 милијарди долари остварени во 2011. Претходно и JP Morgan извести дека во последниот кавратл од 2012 оствари нето добивка од 5,7 милијарди долари или 54 отсто повеќе од истиот период во 2011 година. Банката во 2012 оствари рекордна нето добивка од 21,3 милијарди долари.
Слично

Поврзани вести