Економија, финансии, бизнис

Контакт

Раст на светскиот финансиски имот за 10,4 отсто

Раст на светскиот финансиски имот за 10,4 отсто
Светскиот нето финансиски имот лани се зголемил за 10,4 отсто и надминал вредност од 111,220 милијарди евра, покажале податоците на извештајот за глобалното богатство кој ја илустрира состојбата на имотот и домаќинствата во 50 земји. Растот на финансискиот имот е најголем во последните шест години. Тој бил поттикнат со позитивните трендови на пазарот на акциите, поради што имотот во хартии од вредност пораснале за 10,4 отсто, додека вкупниот долг пораснал за 2,9 отсто. На списокот на најбогатите води Швајцарија и САД, потоа следат Јапонија, Белгија, Холандија, Канада, Сингапур, Тајван, Велика Британија и Австралија, а Германија е на 17 место. Од земјите на балканот, највисоко рангирана е Словенија со 12.25о евра по глава на жител и Хрватска со 6.790 евра.
Слично

Поврзани вести