Економија, финансии, бизнис

Контакт

Раст на продажбата на јапонски автомобили,Тојота на лидерската позиција

Раст на продажбата на јапонски автомобили,Тојота на лидерската позиција
Јапонскиот производители на автомобили „Тојота“ и „Нисан“ во 2012 година остварија рекордна продажба поради растот на побарувачката. Тојота повторно ја презема позицијата на водечки светски производител на возила од американската компанија „Џенерал Моторс“. Од компанијата соопштија дека лани продажбата на Тојота пораснала за 22,6 отсто односно на 9,75 милиони возила, додека Нисан забележал раст на продажбата од 5,8 отсто на 4,94 милиони автомобили. Хонда, третиот по големина производител на возила во Јапонија, продала 3,81 милион автомобили, во однос на 3,09 милиони од 2011 година, пред се благодарение на големата побарувачка во САД и Азија.
Слично

Поврзани вести