Економија, финансии, бизнис

Контакт

Раст на продажбата на автомобили во Велика Британија

Раст на продажбата на автомобили во Велика Британија
Продажбата на нови автомобили во Велика Британија во март порасна, 13-ти месец по ред, за 5,9 отсто на 394.806 возила, соопшти британското Здружение на производители и дистрибутери на возила. Мартовскиот раст на продажбата во Велика Британија е во спротивност со вртоглавиот пад на испораките на нови возила на другите пазари во земјите од западна Еврооа во истиот период. Во Германија, најголемиот европски пазар, продажбата на нови автомобили во март опадна за 17,1 отсто во однос на истиот месец во 2012 година, во Франција е забележан пад од 16,4 отсто, додека продажбата во Италија и Шпанија е намалена за 4,9, односно за 13,9 отсто.
Слично

Поврзани вести