Економија, финансии, бизнис

Контакт

Раст на платите во Германија највисок од 2008 год.

Раст на платите во Германија највисок од 2008 год.

Реалните плати во Германија во вториот квартал оваа година се зголемени за 2,7 одсто во однос на истиот минатогодишен период, по највисока стапка од 2008 година, покажуваат најновите податоци на Заводот за статистика Дестатис.

Номиналните плати во истиот период на годишно ниво пораснале за 3,2 одсто. Притоа најизразен нивен раст е забележан во Германија и во категоријата слабо платени, неквалификувани работи, покажува извештајот.

Новообјавените податоци наведуваат на заклучок за значајно влијаени на воведување на минималната плата во Германија од 8,50  евра по час во почетокот на годината, забележува Ројтерс, иако во Дестатис напоменуваат дека засега е тешко да се пресмета во која мерка тоа влијаело на растот на платите.

Исто така, растот на реалните плати го „труна “ и ниската инфлација. Во второто тромесечие потрошувачките цени во најголемата европска економија се зголемени само 0,5 одсто, после стагнацијата во првиот квартал и исто така 0,5 процентен раст во последните три месеци на 2014.

Трите квартала по ред реалните плати во Германија така растеле по стапка поголема од два одсто, иако во првиот квартал се зголемени за 2,5 проценти, после 2,2 процентен раст во последните три месеци од 2014 година.

Слично

Поврзани вести