Раст на невработеноста во Велика Британија
Во периодот меѓу ноември минатата и јануари оваа година, невработеноста во Велика Британија е зголемена, па сега изнесува нешто над 2,5 милиони луѓе, соопшти денеска државното Биро за статистика.
Зголемувањето на бројот на Британците кои немаат никаква работа ќе го зголеми притисокот врз министерот за финансии Џорџ Озборн, кој во Парламентот во Лондон треба да ја изнесе проекцијата за новиот буџет на државата во период од една година.
Подолго време врз него и Владата, бизнисот, економски експерти и опозициските лабуристи вршат притисок за менување на економската програма и за олеснување на острите мерки за намалување на буџетот и на внатрешниот долг, за сметка на поттикнувачки мерки за развој на економијата.
Статисичките податоци откриваат дека продолжува да расте невработеноста кај младите меѓу 16 и 24 години, која е сосема блиску до еден милон млади без работа. Невработеноста кај младите од оваа возраст сега изнесува 21,2 отсто.
