Раст на насилството врз бегалците во Германија
Вознемирувачка е информацијата на Федералната криминална служба (ФКС) дека во Германија од почетокот на годината досега се извршени 104 напади, придружени со насилство против засолнетите бегалци. Кај 53 од нападите имало подметнување на пожари.
Дадени од ФКС податоците се објавени во весникот „Велт“ .Во текот на 2014 година, бројот на такви акции поврзани со насилство против места за сместување на барателите азил бил 28.
Бројот на злосторствата против сместувањето на бегалците, вклучувајќи и пропагандни нарушувања и случаи на поттикнување насилство, е 637, што е три пати повеќе од овој минатата година. Речиси половина од нив (303 кривични дела) се извршени во третиот квартал од оваа година.
Операторите на бегалските кампови изразија загриженост врз основа на податоците во извештајот. „Сведоци сме на најтешкиот бран на насилства на расна основа и десен екстремизам од дваесет години“, додал Улрих Лили за новинарите на „Велт“. Поради зголемениот број напади врз бегалските прифатилишта тој мисли дека веројатно ќе треба да се оствари предлогот за создавање на безбедносни зони околу ранливите места.
Лили ги критикуваше безбедносните служби за премногу малиот број откриени злосторства против бегалците.
Има и стравување дека поради пумпање на ситуацијата, може да се појават и случаи во кои поради насилството дојде до човечки жртви.
