Економија, финансии, бизнис

Контакт

Раст на кинескиот извоз во февруари за над 20%

Раст на кинескиот извоз во февруари за над 20%
Извозот во Кина порасна за 21,8% во февруари и покрај кинеската нова година, што дополнително го потврдува постојаното забрзување на втората по големина економија во светот. Според последните статистички податоци, растот на кинескиот извоз и пмогна на земјата да оствари рекорден трговски суфицит од 15,3 милијарди долари. На пазарот според анкетата во која учествувале 13 економисти се очекувало трговски дефицит од 16 милијарди долари но наместо тоа извозот во февруари скокна за 21,8%, а увозот падна 15,2%. Аналитичарите велат дека силниот раст на извозот, а слабиот увоз е поради затворање на неколку фабрики во текот на една недела поради празниците, што доведе до намалување на побарувачката за суровини и репроматеријали.  
Слично

Поврзани вести