Раст на економијата на еврозоната за 0,1%
Економијата на еврозоната се зголеми за 0,1 % во изминатиот трет квартал , додека економијата на земјите од ЕУ е со раст од 0,2% на квартална основа , покажуваат податоците на Евростат.
На годишна основа, економијата на еврозоната забележа пад од 0,4 % , а на на 28-те земји членки на ЕУ се зголемила за 0,1 % .
Во вториот квартал растот беше негативен од 0,6 % за еврозоната и 0,1 % за ЕУ . Романија беше членката на ЕУ со најголем раст во третиот квартал во однос на вториот - 1,6 % , следена од Латвија со 1.2 % . Велика Британија и Унгарија се наредни по раст со зголемување од 0.8 % на месечна основа .
Кипар и Чешка регистрирале најголем пад во БДП -то на тричесечна база - од 0,8 и 0,5 %, потоа следуваат Франција и Италија со пад од 0,1 % .
Слично
