Економија, финансии, бизнис

Контакт

Раст на буџетскиот дефицит во Холандија

Раст на буџетскиот дефицит во Холандија
Од 3, 5 проценти ќе се зголеми дефицитот во буџетот од оваа година на 3,9 проценти во 2014 година, доколку владата не воведе нови мерки за штедење., соопшти денеска Холандската Централна банка. Меѓутоа, бројни економски експерти сметаат дека новите мерки само ќе ги влошат макроекономските податоци. Во текот на 2012 година, дефицитот во холандскиот буџет изнесуваше 4,1 проценти. Европската комисија неодамна на Холандија и одобри одложување на процесот за намалување на буџетскиот дефицит на препорачаните три проценти. Според очекувањата, холандската економија во текот на оваа година ќе биде намалена за 0,8 проценти, а исто така, се очекува и раст на стапката за невработеност. Во февруари холандската влада донесе одлука во текот на овие две години да не воведува нови мерки за штедење. Меѓутоа, не е отфрлена можноста за воведување на нови мерки за штедење. Во текот на март, стапката на невработеност во Холандија се зголеми на 8,1 проценти, од 7,7 проценти кои беа забележани во март.
Слично

Поврзани вести