Економија, финансии, бизнис

Контакт

Раст на американската економија во четвртиот квартал од минатата година

Раст на американската економија во четвртиот квартал од минатата година
Американската економија пораснала во четвртиот квартал од минатата 2012 година посилно отколку што се првично се проценуваше, за 0,4 отсто, објави министерството за трговија во конечната процена. Претходно американското министерство за трговија проценуваше дека во основа економијата стагнирала, забележувајќи раст од само 0,1 отсто на годишно ниво. Новите податоци покажаа дека извозот и деловните вложувања во структура и опрема биле поголеми отколку што се очекуваше, додека ревидираните податоци истовремено сигнализираа дека личната потрошувачка не била толку силна, како што претходно се очекуваше и проценуваше. Растот, сепак, и натаму е слаб и „ревизијата на бруто домашниот производ не ја измени општата слика на економијата“, истакнува американското министерство во соопштението од четвртокот. Во претходниот квартал од ланската година, американската економија порасна за солидни 3,4 отсто. Во целта 2012 година, пак, американскиот БДП се зголемил за 2,2 процента.  
Слично

Поврзани вести