Економија, финансии, бизнис

Контакт

РАСПОЛОЖЕНИЕ ВО ЕВРОПА: Бегалци е рамно на терористи

РАСПОЛОЖЕНИЕ ВО ЕВРОПА: Бегалци е рамно на терористи

Мнозинството од Европејците сметаат дека приливот на бегалци во Европа ги зголемува ризиците од напади.

Ова го покажуваат резултатите од новото истражување на јавното мислење на американскиот институт Пју, цитирано од Франс прес. Во Унгарија и Полска 2/3 се на мислење дека се зголемува ризикот од напади.

Во осум од 10-те земји во кои е направено истражувањето и кои претставуваат 80%  од европското население, најмалку половина од испитаниците сметаат дека приливот на кандидати за азил ги зголемува шансите за терористички напади.

Истражувањето покажува дека во Унгарија и Полска соодветно 76 и 71% од испитаниците ги делат овие стравувања.

Владите на двете земји, кои примија помалку мигранти, имаат многу цврсти политики во однос на бегалците.

Анкетата покажува дека 61%  од Германците, чија земја прими најмногу бегалци минатата година, исто така, ја делат ова загриженост, како и 60%  од Италијанците и 52% од Британците. Парадоксално во Франција, која најмногу претрпе од атентатите во 2015 година, мнозинството од испитаниците (51%) не го делат ова мислење и само 46% сметаат дека ризикот од напади се зголемува со приливот на бегалци.

Европејците се загрижени и од последиците од приливот на бегалци врз вработувањето. 82% од Унгарците, 76% од Полјаците, 72% од Грците, 65 % од Италијанците и 53% од Французите го сметаат приливот на мигранти како бреме и сметаат дека бегалците можат да им ги одземат работните места и социјалните бенефиции. Во Германија сепак 59% од анкетираните не ги делат овие стравувања.

Слично

Поврзани вести