Економија, финансии, бизнис

Контакт

РАСПИШАНА Е МЕЃУНАРОДНА ПОТЕРНИЦА: Франција издаде налог за апсење на Башар ал-Асад

РАСПИШАНА Е МЕЃУНАРОДНА ПОТЕРНИЦА: Франција издаде налог за апсење на Башар ал-Асад

Франција издаде налог за апсење на сирискиот претседател Башар ал-Асад. По него е распишана меѓународна потерница. 

Францускиот суд денеска издаде налог за апсење на Башар ал-Асад, под обвинение за употреба на хемиско оружје во 2013 година, пренесе АФП повикувајќи се на неименувани извори. Во извештајот се наведува дека во врска со наводната употреба на хемиско оружје, издадени се налози за апсење на братот на Асад, Махер Асад, кој е командант на сириската републиканска гарда, и на уште двајца генерали, чии имиња не се објавени, пренесе ТАСС.

Сите четворица се обвинети за злосторства против човештвото и соучесништво во воени злосторства. Дамаск сѐ уште не го коментирал издавањето на налогот за апсење на сирискиот претседател. 

Судски извор изјави за АФП дека Ал-Асад е осомничен и за соучесништво во воени злосторства во нападите од август 2013 година за кои сириската опозиција го обвини режимот и во кои загинаа над 1.400 луѓе во близина на главниот град Дамаск.

Единицата за злосторства против човештвото на парискиот суд ги истражува хемиските напади од 2021 година.

Слично

Поврзани вести