Економија, финансии, бизнис

Контакт

РАСКОШНА ВЕНЧАВКА, ТИФАНИ ТРАМП СЕ ОМАЖИ ЗА МИЛЈАРДЕР: Меланија рамо до рамо до екс-сопругата на Доналд Трамп

РАСКОШНА ВЕНЧАВКА, ТИФАНИ ТРАМП СЕ ОМАЖИ ЗА МИЛЈАРДЕР: Меланија рамо до рамо до екс-сопругата на Доналд Трамп

Американските медиуми ги објавија првите фотографии од раскошната свадба на Тифани Трамп, помладата ќерка на екс-претседателот на САД, Доналд Трамп.

Невестата избра венчаница од креаторот Ели Сааб, кој го дизајнираше и костумот на младоженецот.

Тифани Трамп (29), помладата ќерка на поранешниот американски претседател и супербогат Доналд Трамп, вчера се омажи за милијардерот Мајкл Булос по две и пол години врска.

На венчавката блесна и Меланија Трамп облечена во бело, додека стоеше покрај поранешната сопруга на Доналд, Марла Мејплс.

Насмеана, опуштена и среќна - Меланија уживаше во венчавката, која можеше да се види и за време на првиот танц на Тифани и Мајкл. Кога младенците излегоа на подиумот, набрзо им се придружија Доналд и Меланија.


Слично

Поврзани вести