РАСКОШ, ЛУКСУЗ, КОМОЦИЈА - на Доналд Трамп нема да му биде лошо таму каде што ќе живее
Јавноста сигурно ја интересира каде ќе престојува поранешниот американски претседател Доналд Трамп откако ја напушти Белата куќа. Како што јавуваат медиумите, луксузното одморалиште „Мар-а-Лаго“ во Палм Бич е новата резиденција на Доналд и Меланија Трамп.
Поранешниот претседател на САД го купил објектот во 1985 година, за осум милиони долари, но на управување ѝ го доверил на поранешната сопруга Ивана. Големиот имот сега има статус на приватен клуб и ја ограничува должината на престојувањето на Трамп на три седмици годишно.

Соседите во Палм Бич се револтирани од доаѓањето на семејството Трамп и сите се надеваат дека тие нема долго да се задржат таму.
Мар-а-Лаго, или Зимска бела куќа, е на 22-то место на листата на најголеми куќи во САД, со 5.800 квадратни метри, додека Белата куќа во Вашингтон е на 33-то место со 5.100 квадратни метри.
Приватниот клуб и одморалиштето на Трамп во Палм Бич беше засолниште за неговото семејство додека беше претседател и кога сакаше да се одмори, а сега тоа ќе биде неговото место на постојан престој, пишува Бизнис инсајдер.

Членарината во неговиот клуб чини 200.000 УСД, без да се сметаат годишната такса од 14.000 УСД и задолжителните минимални трошоци за ручек од 2000 УСД. Се проценува дека клубот брои околу 500 члена.
Мар-а-Лаго излегува од едната страна кон Атлантскиот океан, а од друга до крајбрежниот канал кој е поврзан со океанот.
Зградата е изградена во 1927 година, има 128 соби, а соседството има неофицијално име ред на милијардери. Според Блумберг, просечниот годишен приход во оваа област е 1,37 милиони долари по лице, што е трет најголем приход за некој дел од градот кој има свој поштенски код во САД.
