Економија, финансии, бизнис

Контакт

Раскол во „Шарли ебдо“ поради 30 милиони евра

Раскол во „Шарли ебдо“ поради 30 милиони евра

Два месеци по нападот врз францускиот сатиричен магазин „Шарли ебдо“ има раскол во редакцијата во врска со близу 30 милиони евра, кои се добиени од списанието по нападот, пренесува „Франс прес“.

11 вработени во изданието ги повикуваат сите работници да имаат еднаков удел на акции во списанието, кое доведе до судир со сегашниот менаџмент.

Во моментов 40% од списанието ги поседуваат родителите на Шарб, поранешниот директор на списанието, кој беше убиен во нападот на 7 јануари. Другите 40% ги поседува карикатуристот Рис, кој се опоравува по добиена прострелна рана во рамото, а останатите 20% ги поседува менаџерот Ерик Порто.

Но, еден од новинарите во „Шарли ебдо“, Лоран Легер, ги шокира присутните на уредувачката конференција во средата, најавувајќи создавање на група која е отворена за разговори за еднаква поделба на капиталот на списанието.

Пред нападите „Шарли ебдо“ беше на работ на банкрот и продаваше само околу 30 илјади примероци неделно.

Слично

Поврзани вести