Економија, финансии, бизнис

Контакт

Расизмот на Трамп извади на „Тајмс сквер“ стотици протестанти

Расизмот на Трамп извади на „Тајмс сквер“ стотици протестанти

Стотици луѓе, од кои мнозинството се Американци со хаитско потекло, се собраа на "Тајмс сквер" во Њујорк, за да ги осудат расизмот и изјавите на претседателот Доналд Трамп, кои ги понижија африканските земји и Хаити, пренесоа американските медиуми.

Кон протестот се приклучија политичари, вклучувајќи го градоначалникот демократ Бил де Блазио. Демонстрантите носеа хаитски знамиња и слоган "Мир, љубов, моќ, сон".

Трамп беше обвинет дека користел вулгарни изрази за африканските земји и поставил прашањето зошто во САД да биде дозволен влез на уште имигранти од Хаити, а не од Норвешка.

Претседателот тврди дека немал слични изјави, дека не е расист и дека има прекрасни односи со народот на Хаитите.

Слично

Поврзани вести