Економија, финансии, бизнис

Контакт

РАСИСТИЧКИ ПОРАКИ ВО САД: Афроамериканците масовно добиваат пораки да се пријават да берат памук

РАСИСТИЧКИ ПОРАКИ ВО САД: Афроамериканците масовно добиваат пораки да се пријават да берат памук

Скандал ги тресе САД.  Афроамериканците масовно добиваат пораки да се пријават да берат памук. ФБИ ги истражува расистичките пораки. 

Повеќе Афроамериканци низ Соединетите Држави пријавиле дека добивале СМС пораки во кои им пишувале дека биле „избрани“ да берат памук „на најблиската плантажа“. Пораките дојдоа само неколку часа по завршувањето на претседателските избори во САД оваа недела.

Во средата наутро, Моне Милер, ПР менаџер од Атланта, била шокирана од победата на Доналд Трамп кога добила СМС порака од непознат број.

„Нашите извршни робови ќе дојдат да ве земат со кафено комбе“, гласеше пораката, „подгответе се да ве претресат кога ќе влезете во плантажата“.

29-годишната Милер останала во шок, прашувајќи се како испраќачот го добил нејзиниот број и дали можеби била следена. Таа во паника одговорила: „Кој е ова?! Ќе те најдам“, а на социјалните мрежи објавила фотографија од пораката. Набрзо дознала дека и некои нејзини пријатели ја добиле истата порака.

Слично

Поврзани вести