РАШИРЕНИ ВРАТИ: Канада ќе прими 300 000 странски работници
Канада објави дека следната година ќе дозволи дури 300 000 економски мигранти да влезат во нивната земја.
Како што наведуваат, тоа е продолжение на одржување на истото прашање кое води кон зголемување на економскиот раст.
„Верувам дека е вистинско тврдењето дека повеќе имигранти во Канада значи добра демографска политика за нашата држава“, рекол Џон Макалум, канадскиот министер за миграции, пренесе британски Гардијан.
Сепак тоа не е се што би можеле да го добијат економските мигранти од Канада бидејќи неодамна советниците на министрите за финансии на оваа држава советувале за зголемување на бројот на места за економски мигранти за да го доживее Канада својот економски раст и развој целосно.
Така бројот на мигранти кои Канада годишно ги прима наскоро може да порасне и на 450 000.
Како и многу други развиени земји, Канада има проблем со стареење на населението, а тоа е проблем кој претставува предизвик за економски раст.
Читајте и за :
КАНАДА ГИ УКИНУВА ВИЗИТЕ: Ако имате бугарски пасош од догодина ќе патувате без виза!
