Економија, финансии, бизнис

Контакт

РАШИД САНУК – БАЈДЕН НАПРАВИ ГОЛЕМА ГРЕШКА: Овој пат го згреши името на новиот британски премиер

РАШИД САНУК – БАЈДЕН НАПРАВИ ГОЛЕМА ГРЕШКА: Овој пат го згреши името на новиот британски премиер

Ништо ново за американскиот претседател Џо Бајден, пишуваат медиумите во САД, откако тој му го згреши името на новиот британски премиер, нарекувајќи го Рашид Сунак.

За време на говорот од Белата куќа во понеделникот, откако стана јасно дека Сунак ќе стане новиот станар на најпознатата адреса во Лондон, Даунинг стрит 10, американскиот претседател рече: „Рашид Санук е новиот премиер на Велика Британија“.

– Како што би рекол брат ми, замислите го тоа! Дури и од Конзервативната партија. Тој и официјално ќе стане премиер кога утре ќе го посети кралот Чарлс. Неверојатно. Тоа е пресвртница и е многу важна – продолжи Бајден.


Слично

Поврзани вести