Економија, финансии, бизнис

Контакт

РАНГ ЛИСТА: Ова се земјите каде е најдобро да растете деца

РАНГ ЛИСТА: Ова се земјите каде е најдобро да растете деца

Данска, Шведска и Норвешка се земји кои се најдобри за растење на деца. 

Рангирањето го направи Универзитетот во Пенсилванија. 

Данска е прогласена за најдобра држава за одгледување на деца. Таа е „многу дарежлива кога станува збор за породилното отсуство на мајките и татковците” и има одличен здравствен и образовен систем. 

Зад неа се најдоа Шведска и Норвешка, поради фактот што имаат добри социјални програми и ниска стапка на криминал.

Во топ пет се и Канада и Холандија, а понатаму на листата следат Финска, Швајцарија, Нов Зеланд, Австралија и Австрија.

Рангирањето се прави четврта година по ред. 

Казахстан, Либан, Гватемала, Мјанмар, Оман, Јордан, Саудиска Арабија, Азербејџан, Тунис и Гана се земји каде е најлошо да се одгледува дете.

Грција е 21-ва, Хрватска е 24-та, Словенија е на 31-то место, Бугарија 42-ра, Србија е 62-ра, а Македонија ја нема на листата. 

Слично

Поврзани вести