Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ранети двајца полициски службеници во Њујорк

Ранети двајца полициски службеници во Њујорк
Двајца припадници на њујоршката полиција кои интервенирале по дојава за грабеж во Бронкс биле ранети од страна на две, за сега непознати, лица по кои е отворена широка потрага, соопштуваат тамошните медиуми. Полицајците не се во животна опасност и сместени се во болница во Бронкс, пренесува „АП“. Еден од полициските службеници бил ранет во рамото, а другиот во грбот, соопштува нујоршката полиција. На местото на инцидентот било пронајдено оружје но се уште не е познато дали тоа било користено во време на нападот и дали им припаѓа на сторителите на нападот. Полициските службеници не биле мета на нападот, како што тоа беше во случајот од пред две недели кога беа убиени двајца припадници на њујоршката полиција во своето патролно возило во Бруклин.  
Слично

Поврзани вести