Ранет е најважниот воен човек на Путин
Ранет е и началникот на рускиот Генералштаб, Валери Герасимов, пишува Билд.
Тој е најважниот воен човек на рускиот претседател Владимир Путин. Герасимов (66), началник на рускиот Генералштаб – а со тоа и врховен командант на руската армија. Целата кариера ја помина во војска.
Ова го објавија неколку украински медиуми, повикувајќи се на неодредени извори. Се вели дека Герасимов бил повреден од шрапнел во бутниот дел на десната нога. Коската не е скршена, се вели во извештајот. Раната е санирана, нема опасност по живот.
За ранувањето на воениот лидер на Путин на Телеграм објави и поранешниот украински министер за внатрешни работи Арсен Аваков.
Нападот врз командниот пост на руската армија во источниот украински град Изјум се случи во саботата. Според Антон Херашченко, советник на украинскиот министер за внатрешни работи, во тој процес се убиени повеќе луѓе, вклучително и високи офицери, меѓу кои и генерал мајорот Андреј Симонов.
„Киев пост“ јавува дека неговата повреда била доволно тешка што тој веднаш ја напуштил линијата на фронтот и заминал за Русија на понатамошно лекување.