Рамазан Бајрам под полициска заштита во Москва
Неколку десетици илјади муслимани денеска го прославуваат Рамазан Бајрам во Москва, но под зголемена полициска заштита.
Муслиманите од рано утрово се упатиле кон петте џамии во Москва, а заради големиот број верници кои не можеле да влезат во џамиите, дел од нив се молеле пред и во близина на станица за подземна железница.
Некои верници спиеле пред џамиите за да можат да фатат место за утринската молитва, која започна во седум часот.
Присуството на полицајци околу муслиманските верски објекти од утрово е зајакнато, а покрај џамиите има и возила на брза помош и пожарникари.
Во Русија живеат околу 20 милиони муслимани, но повеќето од нив во Северен Кавказ и во републиките и автономните области на југот на земјата.
Само во Москва, која има речиси 12 милиони жители, според проценките живеат меѓу еден и два милиони муслимани.
Слично
