Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ракометарите на „Металург“: Не заслужуваме ваков однос!

Ракометарите на „Металург“: Не заслужуваме ваков однос!
Ракометарите на „Металург“, кои денеска по брза пошта добија суспензија затоа што се пожалија на ситуацијата во клубот, реагираат на односот на управата кон нив. „Сметаме дека овој однос не сме го заслужиле особено што ние нашите обврски најпрофесионално си ги исполнувавме, иако оваа сезона немаме примено никаков надомест за тоа. И благодариме на Ракометната Федерација што изрази загриженост за состојбите во клубот и за тоа како ќе одразат врз играта на Македонската репрезентација и воедно ја споделуваме таа грижа“, стои во реакцијата. Притоа се демантира сопственикот на клубот Минчо Јорданов кој тврдеше дека тие со своите барања излегле во јавност без да се обидат за проблемите да разговараат со управата. „Остро ги отфрламе неговите тврдења дека не сме согласувале на разговори и не сме барале средби за проблемите кои ги чувствуваме – напротив, г. Јорданов е тој кој не најде за потребно да не сослуша и да ги процени нашите аргументи и покрај нашите обиди за средба помеѓу нас како играчи и тој како сопственик на клубот“, се додава во соопштението на ракометарите. „Ги демантираме ставовите дека станува збор за „двајца-тројца“ бидејќи станува збор за реакција на сите професионални играчи со огромно домашно и меѓународно искуство и како и за долгогодишни репрезентативци на селекцијата на Р.Македонија. Се уште сме подготвени за чесен, отворен и фер дијалог, со заемно почитување, а се со цел да се надминат проблемите“, стои во реакцијата на ракометарите.  
Слично

Поврзани вести