Ракетен напад врз Израел и од Либан
Ракети од јужен Либан биле упатени кон Израел денеска што предизвикало возвратен артилериски оган од израелската војска, потврдија извори од двете страни. Ова е трет ракетен напад од територијата на Либан од петокот.
Никој засега не ја презел одговорноста за ракетниот напад, од кој нема информации за жртви или материјална штета.
Нападите од Либан се совпаднаа со израелската офанзива врз Газа, во која загинаа најмалку 170 лица, а израелскиот воен портпарол, бригадниот генерал Моти Алмоз директно ги поврза ракетите со судирите во Газа.
„Некој на другата страна се обидува да ја запали границата. Не сме изненадени од тоа, подготвени сме, знаеме дека борбите во Газа мора да влијаат и на други области“, рече Алмоз.
Либанските власти го потврдуваат, но демантираат поврзаност со инцидентот. Во петокот тие уапсиле човек осомничен дека ги истрелал ракетите во првиот од трите напади врз израелска територија. Тој е Либанец и член на фундаменталистичка група која не се открива.
Хамас ги отфрли обвинувањата дека стои зад нападите од либанска територија. Јужен Либан, инаку е упориште на шиитскиот Хезболах, кој војуваше со Израел речиси еден месец во летото 2006 година.
Слично
