Економија, финансии, бизнис

Контакт

РАКА ЗА ПОМИРУВАЊЕ? Северна Кореја му понуди на САД договор за запирање на нуклеарните проби

РАКА ЗА ПОМИРУВАЊЕ? Северна Кореја му понуди на САД договор за запирање на нуклеарните проби
Северна кореја денес соопштила дека понудила „привремено“ сиспендирање на нуклеарните проби доколку САД оваа година се откаже од заедничките воени вежби со Јужна Кореја кои се одржуваат секоја година. Предлогот на владата на Пјонгјанг е пренесен во САД преку „релевантен“ канал во петокот, објавила севернокорејската агенција „KCNA“. Во пораката Вашингтон е повикан да допринесе за ублажување на тензиите на Корејскиот полуостров суспендирајќи ги сите заеднички воени вежби со Јужна Кореја оваа година, пренесува „AFP“. Северна Кореја, за возврат, истакнала подготвеност привремено да ги запре нуклеарните проби кои предизвикуваат голема загриженост во САД.    
Слично

Поврзани вести