„Рајнер“ повторно на тапет, ги тужат бидејќи биле многу евтини
Скандинавската авиокомпанија„САС“ ја обвини нискобуџетната „Рајнер“за измама со тарифите. Уште во ноември „САС“ достави формална поплака до скандинавските служби дека ирскиот „Рајнер“ плаќа премногу ниски такси за своите летови и пријавува премногу ниска стартна тежина на своите авиони. Пониската стартна тежина подразбира и плаќање пониски такси, со оглед на тоа што висината на таксата е базирана врз стартната тежина на авионот и бројот на километрите во воздух, посочуваат Скадинавците.
Претходно француската компанија „Ер Франс“ го обвини „Рајнер“ за измама со тарифите.
Според аналитичарите, Рајнер може да заработи казна од над 50 милиони евра .
Слично
