Рајфајзен банк ги затвора на експозитурите на Крим
Последниште шест од 32 канцеларии на Кримскиот Полуостров ќе ги затвори банката „Рајфајзен банк Авал“ - ќерка на „Рајфајзен банк интернешнл“, соопшти нејзиниот портпарол.
Претставниците на „Рајфајзен банк Авал“ во Киев соопштија дека одлуката е донесена од геополитички и правни причини.
Извор, кој побарал да биде неименуван, изјави дека затворањето на експозитурите на Крим кој ќе се случи до 15-ти априле е поради „промената на геополитичката ситуација во регионот“.
Во петокот „Мекдоналдс“ соопшти дека ги зтавора сите свои ресторани за брза храна на Крим, но со објаснување дека одлуката на на ниту еден начин не е поврзана со политиката.
Слично
