Рајанер повторно извиси, Брисел забрани спојување со конкурентот Ер Лингус
Европската комисија го запре спојувањето на Рајанер и Ер Лингус.
„Спојувањето на двете водечки ирски авиокомпании би штета на потрошувачите преку создавање на монопол, заклучуваат од Брисел од каде додаваат и дека со спојувањето ќе се ограничи изборот и најверојатно ќе доведе до зголемување на цените за корисниците кои патуваат со авион.
Од Европската Комисија потсетуваат и дека додека трае проценката на трансакцијата, Рајанер предложи одредени мерки за заштита на потрошувачите. Од Комисијата биле направени пазарни тестови кои сепак ги потврдиле стравувањата за нарушување на конкуренцијата, а во предвид биле земени промените на пазарот од 2007 година.
Комисијата подвлече дека оттогаш па се досега позициите на двете компании значително се засилиле,а во 2012 година комбинираниот пазарен удел достигна до 87% за летовите на кратки растојанија од Даблин. Притоа посочуваат дека со спојувањето ќе има монополизација на 28 линии, а за други 11 конкуренцијата би им биле само чартер авиокомпании.
Според ЕК ова е трета нивна забрана за спојувањето на двете авиокомпании, првпат во 2007 година, а вториот во 2009 година.
Слично
