Рајанер повеќе не е прв на тронот, со која авиокомпанија е најдобро да се лета?
Германската воздухопловна група Луфтханза го турна од тронот Рајанер преземајки ја повторно титулата на најголемата европска авиокомпанија по број на патници во 2017та.
Ирскиот ниско буџетен авио-превозник бил приморан да откаже илјадници летови поради проблеми со распоредите на пилотите.
Германската авио компанија соопшти дека лани се превезени вкупно 130 милиони патници, пренесе Ројтерс.
Рајанер превезол 129 милиони луѓе, па така ја изгубил круната најголем превозник кој од Луфтханза ја презма во 2016та.
Луфтханза бележи силен раст откако кон крајот на 2016-та го преземе Браселс Ерлајнс и планира да го зголеми развојот на својот буџетиран бренд Јуровингс, како тој би станал трет најголем превозник во Европа на директни линии, без попатно слетување.
