Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Рајанер“ купува 175 авиони од Боинг

„Рајанер“ купува 175 авиони од Боинг

Ирската нискотарифна авиокомпанија Рајанер порача 175 авиони Боинг 737-800 за 15,6 милијарди долари.

Договорот го потпишаа извршниот директор на Рајанер, Мајкл Олири и директорот на Боинг, Реј Конер во Њујорк.

– Вредноста на договорот кога ќе биде финализиран, ќе биде 15,6 милијарди долари и ќе овозможи Рајанер да ја зголеми флотата на повеќе од 400 авиони, се вели во соопштение.

Тоа е најголема нарачка за Боинг во оваа година и ќе помогне за отворање неколку илјади работни места во САД, наведува Рајанер.

Слично

Поврзани вести