Рајанер го купува конкурентот „Ер Лингус“?
Ирската нискобуџетна авиокомпанија „Рајанер“ соопшти дека во третиот деловен квартал нејзиниот нето профитот пораснал за 21 отсто, наведувајќи дека се надева оти конечно ќе ја добие битката за купување на конкурентската фирма „Ер Лингус“.
Управата на Рајанер наведува дека нејзиниот профитот по оданочувањето во периодот октомври-декември 2012 година пораснал за една петтина на годишно ниво на 18,1 милион евра. Компанијата од Даблин додава дека до Европската унија поднела радикален дополнителен пакет поддршка за претходната понуда за купување на „Ер Лингус“.
Слично
