Raiffeisen Bank ги претстави мерките на штедење – ќе се отпуштаат работници и ќе се затвараат филијали
„Raiffeisen Bank“ планира да отпушта работници и да го намали бројот на филијали. Шефот на банката Карл Севелд пред неколку дена ги најави „болните мерки“ во „Raiffeisen Bank“ која во моментов има 59,000 вработени лица во 17 земји.
Тој сега го претстави планот со мерките за штедње, кои во наредните три години, од 2014 до 2016 ќе треба да ги намалат трошоците за 400 до 450 милиони евра.
Мерките за штедење ќе влијаат на илјадници вработени, чии работни места ќе бидат укинати, вели Севелд, кој потенцира дека најголемите трошоци потекнуваат од персоналот на банката.
Дури 49 проценти од планираните административни трошоци во висина од 3,264 милијарди евра од минатата година биле наменети за персоналот.
Слично
