Економија, финансии, бизнис

Контакт

Рахој вети економско заздравување

Рахој вети економско заздравување
Шпанскиот премиер Маријано Рахој, во традиционалното обраќање на нацијата на крајот од годината, вети еконосмко заздравување на Шпанија во 2014 година. Неговиот говор имаше оптимистички тон, имајќи предвид дека стопанството на Шпанија во третиот квартал од годинава исплива од рецесијата и покрај огромната стапка на невработеност од 26 посто, пренесува Франс прес. „Доколку 2012 година беше година на стегање на ременот, 2013 година беше година на реформи, а наредната година ќе го обележи почетокот на економското заздравување во земјата. Ја завршуваме годината со подобри темели за економско заздравување“, изјави Рахој и додаде дека шпанската економија, која во третото тромесечие порасна за 0,1 отсто, го врати на пат скромниот раст во втората половина од годинава.  
Слично

Поврзани вести