Рахој: Кризата во ЕУ покажа дека е неопходна банкарска и фискална унија
Во интервју за виенски „Курир“, премиерот на Шпанија, Маријано Рахој, изјави дека не постои подобра алтернатива за ЕУ и за еврото, додавајќи оти кризата покажала оти е потребна банкарска и фискална унија.
Рахој негира дека Шпанија прерано го вовела еврото, додавајќи оти кога ќе бидат исполнети преземените обврски од економската и монетарната унија, земјата ќе биде посилна.
Рахој посочи дека Шпанија бележи мал економски раст и оти набрзо може да излезе од рецесијата што почна во 2008 година.
Слично
