Рахој: Ги стимулираме вработувањата, за да го спасиме пазарот на недвижности
Падот на секторот со недвижности во Шпанија во 2008 година придонесе за сериозно влошување на кризата во земјата, а цените на имотите продолжуваат да паѓаат и покрај зголемената активност на странските купувачи, пишува интернет изданието „Property Showrooms“.
Што може да се направи, за да дојде до пресврт?
За премиерот Маријано Рахој одговорот е во справување со невработеноста. Во интервју за весникот „Financial Times“ тој објасни дека единствениот начин повторно да се стимулира економијата е Шпанците да бидат вратени на работа. Ова ќе го заживее локалниот пазар на имоти и ќе спречи раст на проблематичните кредити.
Реформите, воведени од Владата во оваа област, веќе се одразиле позитивно на вработувањата, тврди Рахој. Иако Шпанија очигледно ги нема пребродено тешкотиите, има знаци дека политиките на Рахој почнуваат да даваат резултати. Прелиминарните податоци на Националниот институт за статистика покажуваат дека некои економски индикатори полека се подобруваат.
Иако е рано прогласување победа на кризата, намалувањето на падот на цените на имотитете е повод за оптимистички ставови за иднината на овој пазар. Прогнозите за пазарот на недвижности во Шпанија се позитивни поради уверувањето дека локалната економија ќе живне во наредните години, додека странските купувачи продолжуваат да го одржуваат секторот жив, искористувајќи ги ниските цени.
Слично
