РАДИКАЛЕН ПЛАН: Путин сака да го прекине Интернетот во цела Русија!
Рускиот претседател Владимир Путин ја разгледува можноста да овозможи укинување на правото за пристап до интернет во цела Русија, во случај на воена состојба или поголеми демонстрации.
Прашањето за целосно укинување на интернетот „во служај на нужда“ се очекува да биде разгледано на денешната седница на рускиот Совет за безбедност, со која ќе претседава Путин.
Планот на Путин е контролата на доменот (.РУ) во целост да премине во рацете на руската држава. Ова би бил веројатно последниот медиум во Русија кој ќе премине под контрола на руските власти, откако печатените и другите електронски медиуми веќе се под сериозно влијание на Кремљ.
Интернетот беше последниот бастион каде се собираа и организираа опозиционерите за да ги искажат своите мислења, поради што тие остро реагираат на ваквите планови на Путин.
Слично
