Економија, финансии, бизнис

Контакт

Радакин: Путин веќе изгуби, Русија никогаш нема да ја преземе контролата над Украина

Радакин: Путин веќе изгуби, Русија никогаш нема да ја преземе контролата над Украина

Се појави уште едно тврдење дека Русија ја изгуби војната во Украина. Британскиот адмирал Сир Тони Радакин објаснува дека рускиот претседател Владимир Путин веќе ја загубил војната. Иако Русија би можела да постигне „тактички успех“ во наредните недели, тој рече дека секоја идеја дека војната била успешна е „бесмислена“.

Додава дека Путин изгубил 25% од копнената моќ на Русија за „мали“ придобивки.

Радакин, кој е началник за одбрана на Обединетото Кралство, кажа дека на Русија и недостасуваат напредни трупи и ракети и дека никогаш нема да може да ја нападне цела Украина. 

„Русија никогаш нема да ја преземе контролата над Украина“, кажа тој.

Адмиралот додаде дека Русија беше принудена да се откаже од своите цели за да ја преземе контролата врз повеќето украински градови. Според него, сега Русија  е вовлечена во тактичка битка каде борбите се „тешки“.

За потсетување Русија на 24 февруари ја нападна Украина, со барање за денацификација, воена неутралност на земјата, а воедно потоа станаа се погласни дека Доњецк и Луганск, треба да бидат дел од Русија. Русија ретко соопштува колкави загуби има. Украина пак бара повеќе оружје за да извојува победа. 

Слично

Поврзани вести