Економија, финансии, бизнис

Контакт

Радакин: Путин веќе е поразен на неколку начини

Радакин: Путин веќе е поразен на неколку начини

Kомандантот на британската армија адмирал Тони Радакин вели дека плановите на Русија за брзо преземање на Киев и цела Украина се „распаднаа“. Додава дека рускиот претседател Владимир Путин веќе е поразен на неколку начини. 

Радакин рече дека Путин е многу побезначаен отколку пред еден месец, а НАТО е „пообединет од кога било во животот“. 

„Се чини дека Русија сега многу помалку става акцент на Киев, а многу повеќе на истокот и југот на Украина. Почнуваме да гледаме претходни индикации дека руските сили се повлекуваат од регионот на Киев и заминуваат во Русија и Белорусија“, рече тој.

Радакин рече дека следните недели ќе бидат исклучително тешки за Украина, но дека Путин изгубил на многу начини.

Вели дека Путин си наштети себеси благодарение на низата катастрофални проценки.

„Пред тоа сакаше да го гледаме како одличен манипулатор на настаните“, изјави Радакин.

На 24 февруари, Русија ја нападна Украина. Претходно, рускиот претседател Владимир Путин ја призна независноста на републиките Доњецк и Луганск, региони во Украина каде доминира руското население. 

Слично

Поврзани вести