Рачно броење гласачки ливчиња во Индонезија: Стотици починати од замор
Повеќе од 300 луѓе починаа од замор броејќи гласачки ливчиња во Индонезија, јавуваат агенциите. Од изборите поминаа 11 денови, но во најголемата операција за рачно броење, некои од граѓаните кои учествуваат во тоа не успеаја да го издржат товарот.
Изборите беа на 17 април, а држават аима 260 милиони луѓе.
„До овој момент, 287 членови на избирачки комисии и 18 полицајци одговорни за редот за време на изборите починаа, повеќето поради премор, додека 2.096 луѓе се болни, изјави Ариеф Пријо Сусанто, портпарол на изборната комисија.
Министерството за здравство испратило на 23 април писмо во кое бара од болниците да обезбедат најдобра медицинска помош за болните службеници, а Министерството за финансии ќе компензира семејства на починатите.
Изборната комисија беше остро критикувана поради големиот број смртни случаи поради премор. Пребројувањето на гласовите завршува на 22 мај кога ќе бидат објавени конечните резултати.
