Работници се затруле со јаглерод – моноксид во тунелот под Ла Манш
Деветнаесет работници кои работеле на Евротунелот под Ла Манш се затруени со јаглерод-моноксид, а еден од нив се наоѓа во тешка состојба, соопштија француски официјални претставници.
Вкупно шеесет лица синоќа менувале пруга во железничкиот тунел, што ги поврзува Кале во Франција и Фолкстон во Велика Британија. Еден заварувач прв ги почувствувал симптомите на труење.
Работникот кој бил „во многу тешка состојба“ веднаш бил префрлен во болницата во Кале, а потоа и во Лил, на север на Франција. Покрај него, на проблеми се пожалиле уште 18 работници кај кои исто така било откриено труење со јаглерод-моноксид, но нивната состојба не е загрижувачка.
Француските власти отворија истрага за случајот. Тунелот под Ла Манш пред само неколку дена објави рекорни приходи од повеќе од една милијарда евра во 2013-та година. Вкупните приходи на компанијата која управува со тунелот минатата година се зголемиле за 12%, достигнувајќи речиси 1,1 милијарди евра за првпат во историјата.
Слично
