Работи кои не сте ги знаеле за Меркел
Во пресрет на изборите во Германија објавени се факти за канцеларката, Ангела Меркел кои малкумина ги знаат.
Таа дека долго може да издржи без да спие, сама одгледува зеленчук, таа е страствен навивач на националната фудбалска репрезентација.
Голема предност е тоа што канцеларката долго може без сон за време на важните разговори кои често траат до рани зори, кога светските лидери мораат да дебатираат за важни одлуки.
Канцеларката не е позната како некој кој живее луксузен живот, туку живее во обичен стан во центарот на Берлин, а поседува и мала селска куќа северно од престолнината каде што самата одгледува зеленчук.
Нејзиниот втор сопруг Јоаким Зауер, хемичар по професија само еднаш на јавен настан се појавил со неа, а неговите политички ставови воопшто не се познати.
Во Германија на 24-ти септември ќе се одржат парламентарни избори на кои канцеларката, Ангела Меркел води битка за четврти мандат. Таа се надева дека ќе добие уште еден мандат.
