Економија, финансии, бизнис

Контакт

Работата врз Јужен тек ќе стартува на 7 декември

Работата врз Јужен тек ќе стартува на 7 декември

Првите работи врз Јужен тек ќе почнат на 7 декември на изградба на компресорска станица Рускаја во близина на градот Анапа во Краснодарската област на југ во Русија, изјави генералниот директор на компанијата Газпром Трансгас Краснодар, Игор Ткаченко.

Тој на состанок со гувернерот на Кубан, Александар Ткачев рече дека компресорската станица ќе биде најголема во светот и вкупниот обем на гас ќој ќе се транспортира ќе достигне до 63 милијарди кубни метри годишно што е 10 отсто од вкупната побарувачка на гас во Европа.

Во изградбата на Јужен тек преку кој ќе се транспортира руски гас во Европа под Црното Море, ќе бидат вложени околу 15,8 милијарди долари.

Слично

Поврзани вести