Работат само два дена неделно заради струја
Државните службеници во Венецуела отсега ќе работат само два дена неделно поради немањето струја, проблем кој ја погаѓа земјата.
Ова го нареди претседателот, Николас Мадуро. Среда, четврток и петок ќе бидат неработни денови, освен кога има неодложни задачи. Хидроелектраната Венецуели Гури во Боливар на југоистокот од земјата снабдува 70% од државата, а нивото на акумулациите е на рекордно ниско ниво.
До кога ќе трае оваа мерка не се знае, а Венецуела се соочува со економска и енергетска криза. Минатата недела беше кажано дека по 4 часа во рок од 40 дена ќе се исклучува струјата за да се заштеди во 24 региони, без главниот град Каракас.
Слично
