Економија, финансии, бизнис

Контакт

Работа од дома, ограничено работно време на рестораните - Шведска воведува ковид мерки

Работа од дома, ограничено работно време на рестораните - Шведска воведува ковид мерки

Шведска воведува мерки бидејќи бројот на заразени со коронавирусот секојдневно расте. 

Новите ковид мерки вклучуваат работа од дома каде што е можно, ограничено работно време за барови и ресторани и ограничен број луѓе на јавни настани.

„Шведска ќе воведе дополнителни мерки за борба против зголемениот број случаи на Ковид-19 и зголемениот притисок врз здравствениот систем“, изјави денеска шведската премиерка Магдалена Андерсон.

Сега имаат највисоки бројки на заразени. Досега во Шведска од коронавирусот починаа повеќе од 15.000 луѓе. 

Ескпертите во Европа предупредуваат дека пикот на инфекцијата со омикрон варијантата допрва ќе следи. 

Слично

Поврзани вести